13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Врховниот суд на Словенија ја поништи одлуката за казнување лица без маски во затворени простории

Врховниот суд во Словенија донел пресуда дека изречување казни за прекршок на лица кои не носат маски во затворени простории за време пандемија на ковид-19, немаат правна основа.

Оваа одлука која е објавена денес се однесува на правна жалба против правосилната одлука на локалниот суд да изрекува опомена на лице поради полесен прекршок кон Законот за заразни болести.

Врховниот суд проценил, дали е можно со неносење маска на лице во затворени јавни простории се препознае како прекршок, земајќи ги во обзир основните начела на кривичното право.

Одлуката на судот не е донесена едногласно, а судијата Барбара Зобец дала одвоено мислење во кое навела дека пресудата е “погрешна порака до сите и дека можат да ја симнат и фрлат маската за лице“, пренесува СТА.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести