spot_img
11.8 C
Skopje
петок, октомври 8, 2021
spot_img

Дел од бившиот врв на српското МВР со странските центри на моќ се обиделе да го рушат претседателот Вучиќ

Дел од бившиот врв на српското МВР со странските центри на моќ се обиделе да го рушат Вучиќ, на тој начин што планот бил да го уапсат Андреја Вучиќ.

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин го известил претседателот дека делови од МВР работеле против државата Србија и е сосема јасно дека постоела спрега со предходниот врв на МВР со центите на моќ во странство, како и тоа дека одбиле полиграф со што создале сомневање за обид на државен удар.
Како што се дознава, планот бил да се уапси Андреј Вучиќ врз база на лажни искази и рушење на Александар Вучиќ.

Инаку, во тек е опсежна истрага во секторот за внатрешна контрола на МВР за случајот “Јованица“ и нелегално прислушкување на претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Спрема извори, некогашната секретарка во Управа на криминалистичка полиција Дијана Хркаловиќ, началникот на Оделение за наркотици на белградската полиција Слободан Миленковиќ и инспектор Душан Митиќ одбиле да бидат тестирани на полиграф, при што во полицијата се толкува дека споменатата тројка од порано имала подготвено таков договор поради што одбиле детектор за лаги.

Како за потсетување, Предраг Колувија дал ексклузивно интервју за Објектив ТВ во кое открил дека во ноември 2019 година, полицајци по налог на некој од кабинетот на Небојша Стефановиќ, тогашен министер на МВР од него барале вината за наводното произвотство на половина тон марихуана во “Јовањица“ да падне на Андреј Вучиќ, брат на претседателот на Србика Александар Вуќиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести