1.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Тие кои одбиле да се попишат сепак ќе бидат внесени

Овој попис за првпат е спроведен со комбиниран метод на попишување, а тоа значи попишување на терен, но и користење на податоци од базите што ги подготвивме за оваа намена. тоа се седум бази на податоци кои се споени во една и во која со голема точност да констатираме дека одредени лица се тука присутни и треба да бидат дел од оваа операција, изјави директорот на ДЗС за „360 степени“

Тој вели дека на пример, ако едно лице е вработено го има во базата на Агенцијата за вработување, Управата за јавни приходи, но и во Фондот за пензиско осигурување и ако тоа лице редовно секој месец уплаќа даноци и придонеси и стои дека е тука вработено нема сомнение дека е присутно.

–  Можеби од повеќе причини не било попишано или пак одбило да биде попишано, но за такво лице ние имаме огромен фонд на податоци, рече Симовски.

Во однос на тие кои одбиле да се попишат тој вели дека нема се уште точна бројка, но ќе бидат внесени, но треба да се соберат податоците од терен.

Тој образложи дека и за оние граѓани што одбиле да се попишат со вкрстувањето на останатите бази ќе се покажат основните податоци и тие ќе влезат во конечната статистика.

Она што нема да биде одговорено за овие лица е сетот на прашања што вклучуваат етничка припадност, мајчин јазик, верската припадност.

Нема да бидат одговорени овие прашања, меѓутоа тоа беше и нивниот ризик. Одлуката била нивна во тој дел, рече Симовски.

– Меѓутоа, тој број е минимален. Имаше доста обиди на почетокот, но со сите тие луѓе одевме разговаравме повеќепати и најголемиот дел од тие домаќинства и граѓани одлучија да се попишат, рече директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во вчерашното гостување на „360 степени“.

Во секој таков случај направен е записник односно изјава од страна на попишувачот и во сите тие случаи ќе покренеме постапка, рече Симовски.

Според него, почнувајќи од денеска, па во следните шест месеци треба да ја завршат обработката на податоците и потоа ќе бидат соопштени деталите.

Сè уште не сме ги отвориле базите, бидејќи ги дозавршуваме теренските работи, собирање на компјутерите, проверка на извештаите, да видиме кој попишувач колку сработил поединечно што е врзано и со нивната исплата. Очекуваме овие работиме да ги завршиме заклучно со понеделник, па да го почнеме процесот на обработка, рече Симовски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести