9.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Бензинските станици на британскиот БП и американскиот Ексон Мобил се затворени во Велика Британија, причината за тоа е проблемот со испораката на гориво

Бензинските станици на британскиот БП и американскиот Ексон Мобил се затворени во Велика Британија.

Причината за тоа е проблемот со испораката на гориво, бидејќи на тие компании им недостасуваат возачи на камиони.

Нафтениот гигант БП соопшти дека голем број од нејзините бензински пумпи во Обединетото кралство се „привремено затворени поради недостаток на безоловно гориво и дизел“.

БП наведува дека има проблеми со снабдувањето со бензин на некои продажни места во Обединетото кралство поради недостаток на возачи на камиони низ Велика Британија.

Американскиот гигант Eксон Мобил, сопственик на бензинските пумпи Есо, од своја страна објави дека дел од 200 -те бензиски станици во Велика Британија се затворени, исто така, поради проблемот со испорака на гориво.

Проблемите со снабдувањето произлегуваат од пандемијата која принуди многу возачи на камиони, претежно странски, да се вратат во своите земји, додека центрите за обука за нови возачи се затворени со месеци.

Во исто време, доаѓањето на нови возачи од Европската унија во Велика Британија сега е покомплицирано по Брегзит.

Како што веќе беше споменато, британската камионџиска индустрија има потреба од уште 90.000 возачи за да ја задоволи побарувачката

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести