8.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

ХОРОР ВО ИНДИЈА: 15- годишно девојче силувано од 33 мажи

Петнаесетгодишно девојче беше силувано во неколку наврати од група од 33 мажи во најновиот, шокантен случај на сексуално насилство во Индија.

Нападите се случија на различни локации во областа Тана во државата Махараштра, во текот на последните осум месеци, изјави еден официјален претставник, пренесува „Дејли мејл“.

Според полицискиот службеник Дататрај Карале, полицијата досега уапсила 24 мажи и привела двајца малолетници поради поврзаност со случајот. Девојчето е во стабилна состојба во болницата, а „Тајмс оф Индија“ пишува дека лута толпа се собрала пред полициската станица каде што биле затворени напаѓачите, што придонесе за големо присуство на безбедносните сили.

– Полицијата на градот Домбивлија во средата вечерта поднесе случај против 33 обвинети за силување, повеќекратно силување, групно силување и силување на малолетник – рече Карале.

Тој додаде дека нападите се случиле помеѓу 29 јануари и 22 септември оваа година.

– Се започна кога нејзиното момче ја силуваше во јануари и го сними инцидентот. Почна да ја уценува врз основа на снимката. Подоцна, неговите пријатели и познаници ја силувале во групи најмалку четири или пет пати на различни места, вклучувајќи ги и Домбивли, Бадлапур, Мурбад и Рабале во областа – изјави Карале.

Полицијата формираше специјален истражен тим за да го испита случајот.

– Жртвата именува 33 лица. Од нив, 24 лица се уапсени, а двајца малолетници се приведени. Девојчето е во стабилна состојба – истакна Карале.

Додека полицијата трага по другите осомничени, оние кои се веќе уапсени ќе останат во притвор до 29 септември. Двајца малолетници ќе бидат затворени во детски притвор.

Индиските закони за силување беа ревидирани по групното силување во Њу Делхи во 2012 година, но бројот на напади останува висок, при што минатата година беа пријавени над 28.000 силувања. Се верува дека вистинскиот број е значително поголем бидејќи повеќето случаи не се пријавени поради социјална стигма и недостаток на доверба во владата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести