Седум торнада го погодија северниот дел на Италија, а големото невреме донесе и поплави околу Милано и Торино.Како што пренесува порталот milanotoday.it, елемнетарните непогоди не повредиле никого, но штетата е значителна: домови, спортски објекти и складишта претрпеле штета.

Торнадо во текот на вчерашниот ден било видено во Милано, Павија, Кремона, Бреша… – Никогаш не се случило седум торнада да бидат забележани во еден ден во оваа област, веројатно, тоа никогаш не се случило ниту во цела Италиа. Од сите, дури шест поминаа низ Ломбардија, се наведува на Фејсбук-страницата „Торнадо во Италија“.

На северот на Италија паднале и 220 милиметри дожд.
