ОВЕН
Работа: Потрудете се да се посветите на решавање на проблемите кои ги имате на ова поле. Важно е да бидете посветени на својата работа. Љубов: Ако флертувате со личност која ви значи, ќе го освоите нејзиното внимание. Здравје: Проблеми со синуси.
БИК
Работа: Нема да успеете да ги остварите своите планови и често ќе ви биде тешко да најдете вистински фокус. Љубов: Комуникацијата со саканата личност ве оптоварува, често се карате и не сте задоволни. Здравје: Поволен ден за опуштање.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ќе ви биде потребно повеќе време да ги решите компликациите кои имате на ова поле. Љубов: Можно е да сте незадоволни од околностите во кои се наоѓате и да размислувате за прекин на врската. Здравје: Можна главоболка.
РАК
Работа: Ќе ви биде потребно време да ги исполните своите амбиции. Не ви е поволен ден за работа. Љубов: Тешко ви е да ги покажете своите емоции отворено, затоа што се плашите да би можеле да бидете повредени. Здравје: Несоница.
ЛАВ
Работа: Се потпирате на своите соработници и кои пред вас се достапни и отворени. Љубов: Надевајте се на многу поволен ден за љубов и флерт. Наскоро ви следува ново познанство. Здравје: Внесувајте повеќе калциум.
ДЕВИЦА
Работа: Потрудете се да ја подобрите комуникацијата со надредените за заедно да најдете решенија за некои проблеми на работа. Љубов: Можно е да настапила фаза на заладување меѓу вас и саканата личност и тоа да ве плаши. Здравје: Ќе ви годи диета.
ВАГА
Работа: Ве очекува добар период за работа. Ќе успеете да ги остварите своите планови. Љубов: Ви се допаѓа личноста која ќе ви покаже дека е подготвена за многу сериозна врска со вас. Здравје: Водете сметка околу холестеролот.
СКОРПИЈА
Работа: Ве очекуваат мали проблеми кога е во прашање работата. Не ви е лесно да сами излезете на крај со сите компликации. Љубов: Ве очекува фаза во која ќе почнете да се оддалечувате од партнерот. Здравје: Наклонети сте кон инфекции.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Очекувајте многу од себе и трудете се да ги исполните своите желби и цели иако некогаш не ви е лесно. Љубов: Можно е да сметате дека со саканата личност може да имате стабилен и добар однос. Здравје: Водете сметка околу бубрезите.
ЈАРЕЦ
Работа: Имате многу обврски пред себе и се трудите да ги завршите на време. Добро сте организирани денеска. Љубов: Имате силни емоции кон личноста која ви се допаѓа и подготвени сте тоа да го покажете. Здравје: Пад на имунитетот.
ВОДОЛИЈА
Работа: Потрудете се веднаш да ги решавате проблемите кои се создаваат на работното поле. Љубов: Ве очекува интересно познанство со личност која доста се разликува од вас. Здравје: Очите ви се чувствителни.
РИБИ
Работа: Може да очекувате поволен ден за работното поле. Судбината ќе ви биде наклонета. Љубов: Слободните риби немаат големи промени кога е во прашање љубовта. Здравје: Водете сметка околу стомакот.
