4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ПОСЛЕ 17 ГОДИНИ МОЛК, СЕВЕРИНА ИСКРЕНО РАСКАЖА ЗА СЕ*С СНИМКАТА (фото)

Пејачката Северина Вучковиќ, која долго време се бори за старателство над синот Александар, детално опиша како изгледа нејзината правна битка со Милан Поповиќ.

Во интервју  за хрватските медиуми, Северина проговори и за приватната снимка од јахтата  која ја придружува во текот на нејзината кариера, и како што тврди, е свесна дека повредила некои луѓе.

Сепак, таа не мисли дека на некого му должи извинување, освен на лицата што сега ги спомена за прв пат.

— Сакам на младите девојки да им порачам да бидат внимателни и да внимаваат што прават. Свесна сум дека има тројца луѓе што ги повредив со тоа и сакам да им се извинам. Тоа се децата и сопругата на мојот партнер од тоа видео. Ова се единствените луѓе на кои треба да им се извинам – изјави Северина за „Х –алтер“ и откри дека сака да биде таа што ќе ги сподели грешките од младоста со својот син:

– Изненадувачки е што од 2004 година до денес, никој не ги спомна страдањата на тие деца, а сега сите се многу заинтересирани за тоа како ќе го доживее мојот син, кој дури и не беше роден во тоа време. Свесна сум дека мојот син ќе се сретне со ова во одреден момент од својот живот, и го имам тоа на ум од самиот почеток. Кога ќе проценам дека е време, ќе му кажам и би сакала да го слушне тоа од мене. Би сакала да цитирам филозоф помудар од мене, кој вели дека казната поголема од злосторството е криминал сам по себе – вели Вучковиќ.

За потсетување, во 2004 година се појави приватно видео на Северина Вучковиќ и Милан Лучиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести