23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ХАОС НА УЛИЦИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА !(Видео)

Незадоволни од новите корона мерки.

Противници на мерките за сузбивање на корона вирусот синојќа се собрале на Плоштад на република во Љубљана и ја повикале Владата да поднесе оставка, а во немирите во текот на протестот повредени се неколку полицајци.

После два часа протести запалиле факели и почнале да ги фрлаат на Парламентот на Словевија, јавил љубљански Дневник.

Демонстрантите барале мерките за сузбивање на корона вирус бидат изменат во препараките, како и предвремени избори.

Полицијата употребика водени топови против демонстрантите кои фрлале ишиња, факели и други предмети врз полицијата. Во меѓувреме, ситуацијата се смирила а демонстрантите се разотиле.

Демонстрантите биле критични спрема владата и моментално го повикуваат Народното собрание кое како што наведува Дневник повеќе не ужива доверба кај луѓето, со што ги повикувале да си поднесат оставка.

– Ни ги крадат парите под изговор дека го штитат нашето здравје. Веќе половина од Словенија неможат да се движат ако немаат доказ за ПТВ (прележани, вакцинирани, тест). Си го бараме животот назад, сакаме слобода – заклучил еден дмонстрант и додал дека бараат повлекување на обврзувачките мерки и ограничувања.

Аница Бидар од иницијативата Маска навела дека на луѓето им е доста од “уценување и условување од ПТВ“.

Исто така најавува нови собирања следната недела.
– Ние сме слободни луѓе кои сакаат да живеат во слободна земја – рекла таа.

Иако организаторите повикувале на мирни собирања, дошло до инцидент кога еден демонстрант фрлил шише на еден полицаец, но за среќа го промашил.

Насобраните се доближиле до влезот на зградата на Парламентот, со што полицијата го зајакнала своето присуство, но баклите веќе полетале.

Епидемиолошката слика во Словенија е влошена, а спрема Националниот институт за јавно здравје во земјата моментално 11.238 се активни случаи од инфекција.

Спрема податоците на Владата, 347 пациенти заболени од ковид 19 се лекуваат во болниците, од кои 75 се на интензивна нега.

Од денес во Словенија на сила се нови построги мерки.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести