7.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

Рама ги игнорирал новинарите од Косово

Европската федерација на новинари ја осудиле постапката на албанскиот премиер Еди Рама кој, како што навел генералниот секретар на федерацијата Рикардо Гутиерес, игнирирал прашања на новинари од Косово за време на зедничка конференција за медиуми со германската канцеларка Ангела Меркел во Тирана.

– Срамете се премиеру Еди Рама што намерно ги игнориравте прашањата на косовските новинари. Европската федерација на новинари ја осудува ваквата нечуена сегрегација“, порачал Гутиерес на Твитер, пренесува Танјуг.

Притоа ја споделил веста со албанскиот портал Егзит љуз, во која се наведува дека Рама одбил да одговара денес на прашања поставени од косовски новинари за време на заедничката конференција со Меркел.

Како што се наведува, новинар на приштинскиот Клан Косово пренел дека новинари од шест медиуми од територијата на Косово чекале 40 минути да добијат шанса да постават прашања.

Тој нагласил дека сите новинари биле акредитирани и лично се појавиле на конференцијата.
Егзит њуз го пренел тврдењето на новинарите дека им било оневозможено да поставуваат прашања ни на Рама ни на Меркел.

На снимката која новинар на Клан Косово ја објавил на Фејбук се гледа како косовските новинари седат со кренати раце чекајќи да постават прашања.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести