0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

ОЈО ГОКК отвори истрага за сите модуларни болници

Според сознанијата на „Слободен печат“ Основното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје покренало истрага за сите модуларни болници во земјава.

Наводно и модуларната болница во Велес немала технички прием за работа со пациенти. И таа, како и сите модуларни болници, е изградена врз основа на посебен закон според кој обврска за технички преглед на готовиот објект нема. За готовите објекти било вршено само примопредавање.

Во интерес на истрага покрената од Основното Јавно обвинителство не сме во можност да дадеме било какви информации во врска со модуларната болница во ЈЗУ Општа Болница Велес, стои во одговорот на нашето прашање дали болницата работи без технички прием.

Претходно и раководителот на ковид-центарот во Тетово информираше дека модуларната болница што  изгоре во пожарот е пуштена во употреба без технички прием, што е спротивно на тврдењето на Министерството за здравство дека модуларните болници се пуштени во употреба со уреден технички прием

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести