16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Боба Живојиновиќ се отвори и искрено раскажа за дружењето со Лејди Ди (фото)

Деновиве се навршија 24 години од смртта на Дајана Спенсер, попозната како лејди Ди. Омилената „принцеза на срцата“, како што ја нарекуваа, почина пред точно 24 години и остави празнина во срцата на многумина што ја познаваа.

Еден од нив е Боба Живојиновиќ, поранешен тенисер и сопруг на пејачката Лепа Брена. Наводно, Дијана многу го сакала Боба. Се запознале во 1987 година, Дијана тогаш била во брак со принцот Чарлс и често доаѓала на натпреварите на Боба. Иако членовите на кралското семејство имаат ВИП ложа, таа натпреварите ги гледала од обичните трибини за да биде до Боба што е можно поблиску. Тогаш тенисерот бил во врска со Зорица Накиќ, со која има син, Филип Живојиновиќ.

– Голема работа е кога некој како неа доаѓа на натпреварот да ве бодри. Бидејќи не се случувало некој од кралското семејство да навива за вас од трибините, изјавил Боба.

Се сетил и на нивната прва средба.

– Една недела пред Вимблдон во 1987 година, се одржа хуманитарен натпревар под нејзино покровителство. Јас бев еден од учесниците, заедно со уште неколку познати тенисери. Тогаш ја запознав принцезата Дијана. Во првиот разговор, таа ме праша дали сум тенисерот кој има најсилен сервис. Следната година се одржа и изложбен натпревар, па таа повторно дојде. И повторно ме праша дали мојот сервис е се уште најсилен. Потоа почнавме да се дружиме и да се гледаме. Бевме блиски, открил Живојиновиќ, додавајќи дека со лејди Ди често зборувал за секојдневниот живот и децата, главно за Хари и Филип бидејќи се врсници.

– Таа навиваше за мене. Бев исклучително горд што ме поддржа таква жена. Таа го сакаше начинот на кој играм и начинот на кој се однесувам на теренот и се што оди со него. Дијана беше прекрасна личност со која можев да разговарам за обични работи. Нејзината големина беше во таа нормална комуникација. Се изненадив колку е природна жена. Чест ми е што ја запознав. Нашите долги разговори се сведуваа на приказни за секојдневните работи и нашите деца. Филип е на возраст на нејзиниот помал син Хари така што тие беа најчесто тема за разговор, рекол Боба.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести