Движењето за отпор на Авганистан во провинцијата Панџшир објави дека терористичката организација „Ал Каеда“ им се приклучила на Талибанците.
„Ал Каеда им се придружи на Талибанците за да се борат против Авганистанското движење на отпорот. САД се повлекоа, историјата се повторува”, се вели во соопштението на движењето на Твитер.
Претходно, телевизијата Ал Џезира објави дека Талибанците одлучиле да започнат воена операција против силите на Авганистанскиот фронт за отпор во провинцијата Панџшир.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, нагласи дека Москва се надева дека радикалното движење на Талибанците ќе се откаже од реализација на своите планови за започнување операција во провинцијата Панџшир и започнување дијалог со другите сили во Авганистан.
