15.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Силите на движењето за отпор против Талибанците во Панџшир објавија дека убиле 350 членови на талибанското движење во текот на ноќта

Силите на движењето за отпор против Талибанците во  Панџшир објавија дека убиле 350 членови на талибанското движење во текот на ноќта.

Нивното оружје е запленето, се вели во соопштението на авганистанскиот фронт за национален отпор.

„Во текот на ноќта, борците на националниот отпор убија 350 талибански терористи кои се обидуваа да преземат области во долината Панџшир, додека 120 се заробени. Нивното оружје беше запленето”, објави Фронтот, кој зборува во име на силите на отпорот, на Твитер.

Панџшир се уште е единствената авганистанска провинција надвор од талибанската контрола, сместена во планинските области североисточно од Кабул.

Телевизијата Ал Џезира, повикувајќи се на извор на Талибанците, објави дека Талибанците одлучиле да започнат воена операција против силите на Авганистанскиот фронт за отпор во провинцијата Панџшир, откако пропаднаа преговорите со водачот на отпорот Ахмад Масуд.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести