Кога Талибанците повторно го освоија Авганистан и сите жени добија забрана за работа, светот го обиколи интервју на жена со еден од водачите, за ко некои велеа дека е различен пристап на Талибанците, додека други храброст на новинарката.
Авганистанката Бехешта Аргханд влезе во историјата во таа земја откако во живо интервјуираше висок функционер на Талибанците.
Нивниот разговор го обиколи светот, а потоа таа избега од земјата бидејќи беше загрижена за својата безбедност.
Таа за Би -Би -Си изјави дека речиси сите новинари на ТВ -Толо ја напуштиле земјата
На прашањето како се чувствува што ја напушти својата земја, таа одговори со треперлив глас.
„Многу сум тажна. Ми недостасува работата, ми недостасува земјата. Ако Талибанците ги исполнат своите ветувања и ги почитуваат нашите права, ќе се вратам во земјата”, рече таа.
