2.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Еве какво образование има кралицата Елизабета

Иако се сретна со многу политичари, филмски ѕвезди, успешни претприемачи, кралицата Елизабета никогаш не положила академскиот испит.

Кралицата Елизабета немаше време за формално образование, бидејќи мораше да научи за монархијата уште од рана возраст.

Додека нејзините деца и внуци постигнаа значајни резултати во академското образование и завршија престижни училишта, кралицата не посетуваше традиционално училиште, но, според странските медиуми, се школувала дома, каде што имала истакнати наставници.

Пред да наполни седум години, научила да чита, пишува, да свири пијано и да танцува.

Поголемиот дел од детството го поминала со дадилки, а нејзината мајка имала големо влијание врз нејзината ориентација кон христијанската религија.

Бидејќи формалното образование не било приоритет за нејзините родители, таа, како девојче, добила приватни часови во врска со идните кралски должности, бидејќи морала да се подготви за улогата што ја чекала по абдикацијата на Едвард VIII.

Таткото на кралицата не бил љубител на училиштето, а нејзината мајка мислела дека е поважно да се забавува, вели професорката Кејт Вилијамс, авторка на книгата „Младата Елизабета“.

Традицијата на домашно школување ја прекинал нејзиниот син, принцот Чарлс, кој стана првиот наследник на британскиот престол кој посетувал универзитет и заработил диплома. Од самиот почеток, сите имаа големи очекувања од него и тој беше под постојан надзор.

Со титулата, Елизабета исто така доби обврски што ја спречија да поминува време со своите деца, но таа се потпираше на нејзиниот сопруг кога се носеа одлуки во врска со семејството.

Принцот Чарлс се школувал дома, под надзор на Кетрин Пиблс, која ја поддржувала неговата несигурност. Иако бил неверојатно талентиран, работите околу него лесно му пречееле.

Кога наполнил осум години, кралицата и принцот Филип одлучиле да му го продолжат образованието надвор од Палатата.

Во кралската лимузина, во 1957 година, тој беше донесен пред училиштето „Hill House“ во Кнајтсбриџ, бидејќи неговото семејство сметаше дека тој треба да порасне во што е можно понормална средина, како неговите врсници.

Меѓутоа, по само шест месеци, неговиот татко го префрлил во „Cheam Scholl“ во Хемпшир.

Никогаш не се сложувал таму и бил несреќен. По завршувањето на училиштето,  одлучил да се запише во шкотскиот “Gourdonstone”.

Чарлс призна дека тоа му помогнало и се научил на самодисциплина и самоконтрола, но и го водело низ животот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести