-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Тоше беше и остана мојата најголема радост и тага во животот…

Мирослав Рус, годинешниот добитник на наградата за промоција на музика на Балканот, што „Охрид-фест“ традиционално ја доделува секоја година, е еден од најплодните автори од Хрватска чиишто песни одамна ги поминале границите на неговата земја.

Скоро и да не постои пејач со кого овој музичар не соработувал – Здравко Чолиќ, Жељко Бебек, Мишо Ковач, Нина Бадриќ, Црвена јабука, Калиопи, Масимо, Тони Цетински, Нови Фосили, Тајчи…, и секако Тоше Проески. Албумот „Игри без граници“ е најмоќната и најсилната симбиоза на музиката, текстот и гласот.

За наградата Рус вели дека е огромна чест, но и повод за будење на сеќавањата на земјата и луѓето кои оставиле длабока трага во неговиот живот.

– Пред се, би се заблагодарил на организаторот за наградата која ми дава сила да истраам по немирниот пат на создавањето, ама и ми разбудува многу сеќавања на земјата од која доаѓаат луѓе кои оставија длабока трага во мојот живот. Самиот Балкан по политички пат спојувал и раздвојувал, но со нашиот музички јазик, живеел само во спојувањата, вели Рус и додава дека многу работи го асоцираат на нашата земја.

– Понекогаш ми се присторува дека сите ве познавам. Поврзан сум со многу колеги од музичкиот живот, од мојата драга Калиопи па понатаму- со луѓето од духовниот свет, политичари, обичните луѓе… Ја познавам и вашата традиционална музика на која и нема рамна на Балканот, кујната ја обожавам, а ја вкусив и срдечноста што ве краси. Сепак, мојата прва асоцијација беше и остана мојата најголема радост во создавањето и една од најголемите таги во животот, Тоше Проески…

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести