7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Грција поставила заштитна ограда и систем на надзорни камери долж граничната линија со Турција

Грција пставила заштитна ограда и систем на надзорни камери долж граничната линија со Турција во должина од 40 километри како заштита од бран на бегалци од Авганистан.

– Неможеме пасивно да чекаме што ќе се случи. Нема да дозволиме илегални влегувања во Грција – предочил грчкиот министер за заштита на права на граѓани Микалис Крисокодис во текот на вчерашната посета на регионот Еврос.

Негови коментари следеле откако Турција ги повикала европските земји да преземат одговорност за бегалците од Авганистан.

Во телефоскиот разговор со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рекол дека брзиот број пораст на луѓе кои го напуштаат Авганистан би можел да претставува “сериозен предизвик за сите“.

Тој предупредил дека новиот бран бегалци е неизбежен “доколку не се преземат потребните мерки во Авганистам и Иран“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести