3.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Еве како режисерка ПОБЕГНА ОД КАБУЛ (ВИДЕО)

Сахра Карими чекала во ред речиси три часа во обид да повлече пари од банка во Кабул, во неделата, кога се појавил менаџерот велејќи и да си оди, додека звуците на пукотници одекнувале во далечина.

Во тој момент, Карими, авганистанска филмска режисерка и првата жена на чело на државната филмска организација, одлучила да се спаси себеси, своите браќа и роднини од Авганистан, иако знаела дека има хаос на аеродромот во Кабул.

Во хотел во Киев, Украина, Карими за Ројтерс го опиша нејзиното бегство, што успеала да го изведе, како што вели, со помош на турската и украинската влада.

“Го собрав семејството. Ја напуштив куќата, го оставив автомобилот, ги оставив парите, оставив се што имам”, рече таа. Карими е вознемирена поради враќањето на талибанската власт, велејќи дека тоа ќе ја загрози филмската индустрија и правата на жените.

Тие не поддржуваат уметност, не ја ценат културата и никогаш нема да поддржат вакви работи“, рече Карими, додавајќи дека се плашат од образовани и независни жени. Како што истакна таа, Талибанците сакаат жените да бидат „скриени, невидливи“.

Режисерката, чиј филм „Хава, Маријам, Ајеша“ беше претставен на Венецискиот филмски фестивал во 2019 година, објави видео на Инстаграм на кое се гледа како трча низ улиците на Кабул, бидејќи не може да најде такси за да ја однесе дома од банка.

Карими и нејзиното семејство требало да летаат при евакуацијата на украински државјани, но бидејќи илјадници Авганистанци се собрале на аеродромот со надеж дека ќе избегаат, не можеле да се качат на авионот.

„Моментот кога го пропуштивме првиот авион беше најтажниот момент во мојот живот бидејќи мислев: „Во ред, не можеме повеќе да одиме, остануваме“, рече таа, додавајќи дека бил загрижена дека талибанците ќе го нападнат нејзиното семејство.

Таа сака нејзините внуки да живеат во земја каде што „ви даваат слобода и образование. Како човек, треба да имате вредност, но според талибанските правила, во ред е да живеете мизерен живот“.

На социјалните мрежи оваа недела кружеа слики од Авганистанци кои брзаа кон американскиот воен авион и се држеа за неговите делови.

“Многу луѓе дојдоа на аеродромот, а некои само го прегрнаа авионот, сакаа да си заминат. Беа толку безнадежни”, рече Карими.

Откако го пропуштила првиот авион, Карими повторно ги контактирала полицајците кои и помагала. Нејзе и било кажано да се тргне од толпата, а неколку часа подоцна, службениците, чиј идентитет не го открила, го однеле нејзиното семејство на друг дел од аеродромот, од каде што се качиле на турскиот лет за Украина.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести