Непознат маж одлучил да испрати предупредување до девојка за момчето со кое била на првиот состанок додека бил во тоалет, пишува Мирор.
Девојка по име Хадија го сподели своето непријатно искуство на Интернет и покажа порака испратена до неа од маж од соседната маса, додека дечкото со кој излегла отишол во тоалет.
– Премногу црвени знамиња. Бегај! Биди сигурна, девојко – напишано е на лист хартија што Хади го сподели со своите следбеници на Твитер.
Наскоро нејзиниот пост стана вирален и пристигнаа секакви пораки.
Вчера пиев кафе со еден дечко. Кога отиде во тоалет, геј момчето што седеше зад мене ми ја даде оваа белешка.


– Не можам а да не се запрашам колку само беа црвени тие знамиња . – гласеше еден од коментарите.
„Беа ,,жешки” како моите црвени нокти“- одговори Хадија, не откривајќи дали го послушала младиот човек кој ѝ ja пратил пораката или дали таа останала со дечкото со кој излегла.
