Рутинскиот преглед заврши со тотален шок!
Бизарно откритие ги запрепастило лекарите во САД кога извршиле колоноскопија на 59-годишен пациент. Имено, за време на прегледот на дебелото црево, тие видоа жива бубамара како лази, пренесува IFL Science.
Иако е вообичаено лекарите да откриваат иритација, рана или можеби некој вид слезина за време на колоноскопија, наоѓањето бубамара на тоа место, во утробата на некоја личност, секако е уникатно откритие.
– Во попречно црево беше пронајдена бубамара за време на скрининг колоноскопија на 59-годишен маж без коморбидитет- се наведува во извештајот на лекарот.
Според списанието, „препаратот за колоноскопија можеби му помогнал на инсектот да избега од дигестивниот ензим во стомакот и да стигне до дебелото црево“.
Иако откривањето на бубамара во дебелото црево е единствен случај, се случија некои слични бизарни сцени.
Еден човек од Кина за малку ќе умреше неодамна, откако внесе јагула долга 20-сантиметри во аналниот отвор со надеж дека ќе го излечи од проблемите со констипација (запек), пренесува Дејли Стар.
