Овен
Љубов:
Не дозволувајте ништо или некој од страна да го привлече вниманието на вашиот партнер. Бидете позитивно „наметливи“ или неизбежни.
Работа:
Нечија порака или средба со едно лице има позитивно влијание врз вашите деловни планови.
Здравје:
Важно е да се постигне внатрешна рамнотежа.
Бик
Љубов:
Важно е правилно да одговорите на нечии прашања. Ве очекува одлично расположение во друштво на саканата личност.
Работа:
Понекогаш се изгледа релативно или необично. Деловните можности изгледаат поинаку кога се гледаат од различни аспекти.
Здравје:
Насочете ги мислите во позитивна насока, опуштете се.
Близнаци
Љeубов:
Имате впечаток дека вашиот партнер прикрива дел од вистината, што дополнително влијае на вашето мрзоволно расположение.
Работа:
Нема причина да се обвинуваат другите за погрешна проценка. Не бидете нефер кон личност чии намери се уште не ги знаете.
Здравје:
Ќе ви годат неколку часа здрав сон, обрнете внимание на соништата.
Рак
Љубов:
Понекогаш разумот треба да се исклучи, има работи што не можете да ги објасните врз основа на логички правила. Нека вашите чувства „прозборуваат“.
Работа:
Важно е работите да завршат добро. Вие сте доволно вешти да ги надминете деловните недоразбирања и конфликтни ситуации.
Здравје:
Не ги ограничувајте чувствата или желбите, опуштете се.
Лав
Љубов:
Ништо не е толку безопасно како што изгледа. Партнерот ги следи вашите движења и однесување со будно око.
Работа:
Понекогаш различните обврски се голем товар, но не и изговор за неисполнети ветувања.
Здравје:
Избегнувајте ривалство.
Девица
Љубов:
Во приватниот живот, бидете доволно внимателни во изјавите и воздржани во однесувањето пред партнерот.
Работа:
Можниот конфликт со едно лице може да се претвори во непријатна ситуација или деловно-финансиска загуба.
Здравје:
Посветете ги вечерните часови на вашето омилено хоби, опуштете се.
Вага
Љубов:
Некој погрешно ги толкува вашите емоционални немири. За жал, вашите изговори имаат спротивен ефект.
Работа:
Идејата што ја имате не треба да се истакнува како најдобро деловно решение, трпеливо чекајте нечија поддршка.
Здравје:
Делувате напнато, опуштете се од непотребни грижи.
Скорпија
Љубов:
Емоционалното задоволство доаѓа од средбата со саканата личност. Имате добра идеја како да привлечете нечие внимание.
Работа:
Прифатете корисна идеја за деловна соработка и докажете ги своите способности. Нема потреба да го одложувате заедничкото делување.
Здравје:
Ќе ви годи витаминска исхрана.
Стрелец
Љубов:
Погледнете ги работите од позитивен агол, слободно изразувајте ги своите искрени намери и бидете дарежливи кон саканата личност.
Работа:
Постојат проблеми што бараат различен деловен пристап. Лошата комуникација со соработниците влијае на промената на деловната клима.
Здравје:
Избегнувајте ситуации што ве заморуваат.
Јарец
Љубов:
Се’ повеќе ве мачи нечие присуство или однесување. Сакате да управувате со ситуацијата, но нема да успеете.
Работа:
Збунети сте од одговорите што ги добивате од соработниците, бидејќи секој има своја верзија на приказната или лични интереси.
Здравје:
Избегнувајте стресни и напорни ситуации.
Водолија
Љубов:
Не дозволувајте никој да ја попречува вашата волја и право да направите емотивен избор. Вие заслужувате подобар или поубав третман.
Работа:
Средбата со една личност има поучен начин на размислување. Покажете повеќе селективност во размислувањето.
Здравје:
Ќе ви годи релаксација и престој во природа.
Риби
Љубов:
Нема причина строго да се оценува нечие однесување, на крајот на краиштата, вие самите правите разни грешки. Не бидете ситничави.
Работа:
Важно е да ги следите основните правила. Секој треба да го направи својот дел од работата на најдобар начин и без прекумерна експозиција.
Здравје:
Избегнувајте лоши навики или нездрава исхрана.
