6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Познатиот актер Харисон Форд на одмор во Хрватска

Американскиот актер Харисон Форд беше ,,уловен”, за време на турнејата низ Дубровник во Стариот град со синот Лајам и неговата сопруга Калиста Флокерт, главната актерка на популарната серија Али МекБил.

Харисон Форд шеташе низ градот во црна маица и панталони, и покрај фактот што тој и неговата сопруга беа добро „камуфлирани“ со темни очила и маски на лицата, тие сепак беа препознаени.

Форд ужива на одмор во Хрватска откако го повреди рамото во јуни за време на снимањето на петтото продолжение на филмот за авантуристот и археолог Индијана Џонс во Велика Британија.

Како што пишуваaт медиумите, за време на обиколката на знаменитостите на Дубровник, тој не ја симна заштитната маска, а Форд и неговата сопруга се прошетаа по неизбежниот Страдун.

Актерот се здоби со светска слава со улогите во сагата „Војна на Sвездите“ и „Индијана Џонс“. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести