После хаосот кој настанал вчера во Кабул, се огласил потпаролот на талибанците.
Мохамед Наим, потпарол на политичкото крило на талибанците, изјавил денес дека таа група сака со сите околни земји да бидат во мир, дека војната во Авганистан е завршена, како и тоа дека сака да имаат односи со меѓународната заедница и да ги реализираат по пат на диалог.
Тој во интервју за катараската телевизија Al Džazira навел дека талибанците не сакаат да живеат во изилација и додал дека владиниот систем и обликот на режимот наскоро ќе биде јасен.
“Групата ќе ги почитува правата и слободата на изразување на жените и малцинствата во рамките на шеријатскиот закон. Талибанците сакаат мирни односи и да развијат неколку канали на комуникација кои веќе се отворени со странски земји“, истакнал Наим и додал дека бара од сите земји да седнат со нив и да ги решат сите прашање, пренесуваат мдиумите.
Нагласил дека ниедна дипломатска мисија не била на мета и дека ќе одезбедат сигурност за сите граѓани и дипломатски мисии во Авганистран.
Инаку, талибанските бунтовници вчера влегле во Кабул, а претседателор Ашраф Гани го напуштил Авганистан со цел да одбегне крвопролевање, што и дошло од исламистичките милитанти кои ја презеле скоро цела земја после две децении.
