-1.2 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

Меркел: Дојде до домино ефект по повлекувањето на силите

Меркел, на седница на претседателството на својата Христијанско-демократска унија (ЦДУ), укажа дека ситуацијата на аеродромот во Кабул покажува дека обезбедувањето е можно само со американските трупи.

Канцеларката истакна дека одлуката за повлекување од Авганистан е донесена од Вашингтон. Додаде дека одлуката била донесена и од внатрешнополитички причини.

„Дојде до домино ефект по повлекувањето на силите“, заклучи Меркел во првата изјава поврзана со Авганистан.

Таа се осврна и на можниот бран бегалци од Авганистан, додавајќи дека сега од талибанците и ситуацијата на границите зависи дали Авганистанците ќе можат да ја напуштат својата земја.

Истакна дека интересот на Германија е Авганистанците да бидат згрижени и снабдени на лице место и укажа на потребата од потесна соработка со Турција.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести