9.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Една неодамнешна студија на кинески психолози покажа дека мажите со длабок глас се повеќе склони кон неверство, а не жените

Една неодамнешна студија на кинески психолози покажа дека висината на гласот кај мажите има врска со намерата да бидат верни на партнерката и да се посветат на врската, и дека мажите со длабок глас се повеќе склони кон неверство, додека кај жените таква корелација не е воспоставена.

Студија објавена во психолошкиот весник „Личност и индивидуални разлики“ испитуваше дали постои врска помеѓу вокалните параметри на една личност, пред се фреквенцијата на неговиот глас и неговата намера да биде верен и да се посвети на врска со партнерката, која е востановена врз основа на прашањата во прашалникот.

Резултатите покажаа дека мажите со длабок глас се повеќе склони кон неверство и помалку посветени на врската во споредба со мажите со поголема фреквенција на глас.

Интересно е што кај жените, не е утврдено дека постои корелација помеѓу длабочината на гласот и „неверните намери“.

Претходна студија на канадски психолози, објавена во истото списание, се обидуваше да утврди зошто жените ги привлекуваат мажи со длабок глас и дали ги сметаат за неверни.

Утврдено е дека жените сметаат дека мажите со длабок глас се попривлечни, но и поподложни на неверство.

Истражувањето спроведено врз 90 жени кои ја оценија атрактивноста на машките гласови, заклучува дека жените повеќе ги привлекуваат мажи со длабок глас, но само за краткорочни, а не за долгорочни врски, бидејќи главно сметаат дека постои поголем ризик од неверство од нив.

https://youtube.com/watch?v=br-Dy3puDoc%3Ffeature%3Doembed

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести