8.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Ерих оставил два милиони евра на селото кое му помогнало нему и на неговото семејство за време на Холокаустот

Во знак на благодарност, Ерих оставил два милиони евра на селото кое му помогнало нему и на неговото семејство за време на Холокаустот. Живеел во Виена со родителите и бабата по мајка. Не се знае многу за Ерих Швам, кој почина на 25 декември минатата година на 90 -годишна возраст.

Познато е само дека тој и членовите на семејството завршиле во логорот Ривесалтес основан од владата на Виши во окупирана Франција. Оттаму илјадници Евреи беа пренесени во Аушвиц, а во еден момент таму имаше повеќе од 8.000 затвореници, пишува Warhistoryonline.

Кампот беше затворен во 1942 година, а околу 2.500 Евреи завршија во селото Ле Шамбон-сур-Лињон за време на војната, кое има долга историја на помагање на бегалците. Тој е еден од двата града признати од Израелскиот меморијален центар за холокаустот Јад Вашем како праведен меѓу народите поради нивната улога во заштитата на Евреите.

Селото е составено од протестантска заедница чии предци протестанти исто така биле прогонувани и обезбедувале засолниште на жртвите од верски и политички прогони низ историјата, од свештеници за време на Француската револуција до републиканци во Шпанската граѓанска војна во 1930 -тите. Тие ја продолжуваат традицијата и денес и несебично примаат бегалци и мигранти од Блискиот Исток и Африка.

Фридел Рајтер во тоа време била социјална работничка во Црвениот крст. Во својат дневник таа забележа како помогнала на семејство да се пресели во Ле Шамбон во 1943 година, и пишува дека Швам тогаш имал 12 години. Семејството го криеле локалните жители во селото до крајот на војната. Потоа неговите родители се вратиле во Виена, а Швам останал во Франција да студира фармација. Тој ја запознал својата сопруга додека студирал и тие останаа да живеат во околината на Лион.

Дипломирал во 1957 година. Има многу малку информации потоа, бидејќи Швам и неговата сопруга немаа деца, а таа починала пред него. Тој бил многу дискретен човек и ја избегнуваа јавноста, па селото сега се обидува да дознае повеќе за својот добротвор.

„Тоа е голема сума за ова село“,  рече градоначалникот Жан-Мишел Ејро на новинарите, одбивајќи да го каже точниот износ, но неговиот претходник за локален портал изјави дека Швам и неговата сопруга двапати разговарале за донирање на приближно два милиони евра.

Двојката побарала парите да се искористат за младинско образование и услуги во заедницата, а особено за формирање на фонд за стипендии. Дел од парите ќе бидат искористени за основање на фонд за здравствените работници, деца кои страдаат од леукемија и за заштита на правата на животните.

Покрај тоа што беше познат по тоа што обезбедува засолниште,во ова село престојувал и славниот писател Алберт Ками. Живеел таму од 1942 до 1943 година се лекувал од туберкулоза и работел на романот Чума и есејот Бунтовен човек.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести