8.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Уапсен американски сенатор, обвинет за ПЕДОФИЛИЈА

Тони Наварет, сенатор од Аризона, член на Демократската партија, беше уапсен во четвртокот под обвинение за сексуално насилство врз дете!

Инспекторите кои работеа на овој случај рекоа дека чинот за кој беше обвинет Наварет се случил во 2019 година, но тие не дадоа никакви детали. Наварет е обвинет за неколку кривични дела, од кои најтешкото се однесува на сексуално насилство врз дете.

Демократската партија потврди дека еден од нивните сенатори е уапсен.

„Знаеме дека еден од нашите членови е уапсен и чекаме дополнителни детали, со надеж дека институциите ќе ја завршат својата работа. Во моментов немаме дополнителни коментари “, се вели во соопштението на Демократската партија.

Апсењето на Навара дојде само неколку дена откако сенаторот објави дека е позитивен на коронавирус, иако претходно бил вакциниран.

Наварет го направи тестот на 27 јули и рече дека неговите симптоми се „благи“ во споредба со другите и упати апел до сите граѓани да се вакцинираат. „Знам дека луѓето се уморни и фрустрирани, но време е повторно да носат маски“, додаде тој.

Навара првпат беше избран за Конгрес во 2016 година, а две години подоцна беше избран за сенатор од Аризона.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести