12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Германија секојдневно фрла вакцини против Ковид-19 во ѓубре поради истекот на рокот

Германија секојдневно фрла вакцини против Ковид-19 во ѓубре поради истекот на рокот, бидејќи луѓето не се вакцинираат.

Од почетокот на пандемијата, провинцијата Баварија фрли 53.000 дози, од кои повеќе од половина беа пријавени како „одбиени“ само во јули.

 Зголемувањето на количината на фрлени вакцини во текот на летото е директна последица на падот на подготвеноста на населението за имунизација – изјави баварското Министерство за здравство, објави „Дојче веле“.

Во Баден-Виртемберг, 4.000 дози на „АстраЗенека“ истекоа на крајот на јули, поради што тие беа „правилно уништени“, како што пишува Министерството за здравство.

Во Северна Рајна-Вестфалија, датумот на истекување на 350 дози АстраЗенеке истече минатиот викенд, па тие беа „правилно отстранети“.

Дозите што не им се потребни, а се уште не се истечени, провинциите ги враќаат на федералната влада.

Хамбург сака да врати 6.000 дози „АстраЗенека“ во наредните денови, Саксонија-Анхалт планира да врати 22.000 дози, а Долна Саксонија 120.400 дози.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести