Не стивнуваат пожарите во Македонија, од час во час избувнуваат нови пожари. На социјалните мрежи се појавија фотографии од голем пожар во Пехчево.
Жителите преку социјалните мрежи апелираат за брза реакција и за помош.
Тие пишуваат дека се шири со голема брзина и се движи кон археолошкиот локалитет „Света Петка”.

Поради големите пожари и не можноста државата сама да се справи со нив помош пристигна од Србија, а на пат веќе е и помошта од Словенија. Покрај тоа најавена е и помош од Бугарија.
