5.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Словенија испраќа 16 противпижарни возила и 46 пожарникари да помогнат во гасењето на пожарите низ земјава

Словенија испраќа 16 противпижарни возила и 46 пожарникари да помогнат во гасењето на пожарите низ земјава.

Помошта од Словенија во луѓе и возила се очекува да пристигне најдоцна утре.

По вчерашниот телефонски разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин, се реализира ветувањето за помош при справувањето со пожарите во Македонија.

„Се надевам дека ќе ги скротите огновите што е можно поскоро“, и напиша министерот Тонин на министерката Шекеринска, информирајќи ја за брзата реакција на сојузничката земја.

Вчера министерката се заблагодари за помошта од соседните држави и НАТО сојузниците и рече дека Македонија може да смета на своите пријатели во неволја.

„Навистина  ми е драго што колегата Тонин многу брзо реагираше  позитивно, и по првичните најави за помош кои што дојдоа од Србија и Бугарија, имаме ист одговор и од страна на Словенија. Тоа покажува голема солидарност од страна на нашите сојузници и од соседите”, рече министерката Шекеринска

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести