1.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

На Алјаска 7 дена биле тероризиран од ГРИЗЛИ

Еден човек беше спасен на Алјаска откако, како што тврди, речиси една недела одбивал напади на мечки во далечен рударски камп на Алјаска.

Офицерите на американската крајбрежна стража прво забележале СОС сигнал на покривот од касарната во кампот, а потоа забележале човек како мавта и повикува на помош, пренесува Би-Би-Си.

Човекот им рекол дека бил нападнат од мечка и дека не спиел со денови, бидејќи гризлито постојано се враќало во неговиот логор.

Човекот имал модринки на градите и повредена нога кои ги залепил со леплива лента.

Екипажот на хеликоптерот бил на пат да пренесе тим научници кои се во истражувачка мисија поврзана со диви животни кога поради временските услови излегле од патот и забележале порака за помош.

Според Њујорк Тајмс“, човекот бил при крај со муниција за пиштолот, а вратата од шаторот каде што престојувал била откината.

– Во еден момент мечката го одвлекла надолу кон реката. За среќа во моментот имал пиштол. Тој рече дека мечката се враќа секоја вечер и дека немал спиено неколку дена – рече поручникот Џаред Карбахал.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести