spot_img
25.8 C
Skopje
вторник, јули 20, 2021
spot_img

Од кога се појави корона вирусот мутираше повеќепати, а моментно најголема опасност е делта сојот на вирусот

Од првото појавување на САРС-CoV-2 во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, овој нов коронавирус досега мутирал безброј пати, но одделно се издвоиле дури 11 поопасни и заразни соеви.

Заедно, тие досега убија вкупно повеќе од четири милиони луѓе ширум светот и заразија повеќе од 187 милиони.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести на крајот на минатата недела, објави список на сите овие видови, меѓу кои пет „го запалија аларми“ затоа што се наведени како загрижувачки категории. Меѓу нив се алфа, бета, гама и делта соеви, за кои се смета дека се многу пати позаразни или смртоносни од основниот, „вухан вид“ и се доминантни кај заразените.

Во втората категорија се оние соеви кои се тестирани и чија преносливост, сериозност и влијание врз колективниот имунитет се донекаде познати, но испитувањата се прелиминарни и не се доволни или се поврзани со голема незивеснот. Во овие таканаречени варијанти на интерес спаѓаат ета, епсилон, тета и капа соеви со нивните мутации. Во третата категорија на значајни мутанти на корона, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, има варијанти кои се под надзор на имунолозите и здравствените власти. Меѓу нив е и вирусот ламба, кој веќе стана познат соеви наречени лота и зета сој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести