10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Дали Колинда е најсериозен кандидат да го замени Столтенберг?

Во Брисел и другите сојузнички метрополи официјални лица, дипломати и аналитичари сметаат дека е крајно време за 72 години на НАТО, на чело на Алијансата за прв пат да биде назначена жена.

Во тој правец има и размислувања дека, со оглед на постојаните тензии со Русија, изборот на источно-европски дипломат ќе испрати важен сигнал до Москва.

Во тој правец веќе „се вртат“ три имиња на потенцијални кандидатки: Поранешната хрватскa претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, литванската претседателка Далија Грибаускаите, како и сегашната естонска претседателка Керсти Калулаид.

Грабар-Китаровиќ, прва жена претседател на Хрватска од 2015 до 2020 година, има предност бидејќи веќе работеше во седиштето на НАТО како помошник генерален секретар за јавна дипломатија од 2011 до 2014 година.Таа одигра клучна улога во успешната кандидатура на Хрватска за членство во ЕУ и НАТО. Беше амбасадор на земјата во САД од 2008 до 2011 година, што ѝ дозволува да се потпре на силните врски во Вашингтон, а Соединетите држави ќе го кажат последниот збор за изборот на идниот Генерален секретар на Алијансата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести