Живописните италијански села ќе ви платат околу 33.000 долари за да се доселите и да започнете со бизнис
Веруваме дека сте размислувале за сместување во идилично село, на пример, на југот на Италија, каде што е топло цела година? И замислете уште да ви плаќаат за тоа?
Па, за оние кои се подготвени да се осмелат, не мора да биде само сон.
Регионот Калабрија планира да понуди до 28.000 евра (33.000 долари) во текот на три години на луѓето кои сакаат да се преселат во заспаните села со помалку од 2.000 жители во надеж дека ќе го запрат опаѓачкиот тренд на население.
Ова вклучува локации покрај море или планина, па дури и обете истовремено.
Сепак, за да добијат финансиска помош, новите селани мора да се посветат на основање на нов мал бизнис. Или од нула, или со преземање на веќе постоечките занимања што се потребни на тие места, а кои во меѓувреме престанале.
Постои уште еден улов – кандидатите мора да станат жители и не смеат да бидат над 40 години. Тие исто така мора да бидат подготвени да се преселат во Калабрија во рок од 90 дена по одобрувањето на нивната апликација.
Властите во регионот се надеваат дека ќе привлечат проактивни млади луѓе и милениумци желни за работа.




Џанлука Гало, регионален советник, за Си-Ен-Ен изјави дека месечните примања на овие млади луѓе ќе бидат во опсег од 1.000 до 800 евра во период од 2-3 години. Алтернативата е еднократна парична помош за започнување на нова комерцијална активност, без оглед дали станува збор за ресторан, фарма или отворање продавница.
– Веќе имавме огромен интерес и се надеваме дека, ако првата шема успее, тоа ќе биде во годините што доаѓаат – рече Гало.



Повеќе од 75 проценти од населените места во Калабрија имаат помалку од 5.000 жители, што предизвикува страв дека некои заедници може да исчезнат за неколку години, освен ако населението не се изгради на некој начин.
Во нашата галерија, погледнете точно за кои села станува збор.
