Тој тврди дека има јасен план за тоа како да се постигне големата цел
Единаесетгодишниот Лорен Симонс од Белгија без никакво очекување успеа да дипломира физика на Универзитетот во Антверпен.
Симонс пука со самодоверба и вели дека не очекувал дека ќе успее. Покрај тоа, тој им открива на белгиските медиуми дека ова е само почеток на неговиот успех во животот.
– Не ми е гајле дали сум најмлад. Мојата работа е да учам и да стекнам знаење – рече Симонс, а потоа ги шокираше медиумите изјавувајќи дека неговиот план е да живее вечно.
– Ова е прва загатка во мојата голема цел да заменам делови од моето тело со механички делови еден ден и со тоа да станам киборг. Си зацртав дека до крајот на животот ќе можам да откривам како да ја достигнам бесмртноста. Засега, сè изгледа како голема мистерија, но не грижете се, ќе најдам начин да живеам засекогаш – додава Симонс.
Лорен Симонс исто така присуствуваше на некои курсеви од магистерската програма. По летото, тој официјално ќе ги започне студиите за магистерски студии – потврди портпаролот на Универзитетот во Антверпен.
