8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

ТАЖНО: МЛАДОЖЕНЕЦОТ ПОЧИНА ПРЕД ОЛТАР (ВИДЕО)

Пол Вин (57) од Шкотска, за жал не дочека да ѝ го каже судбоното ДА на својата долгогодишна партнерка Алисон. Тој почина пред сите гости и неговите 11 деца.

Британецот Пол Вин (57) од Северен Ершир во Шкотска почина пред олтарот, додека неговата долгогодишна партнерка и мајка на неговите пет деца, Алисон (38), тргна кон него и свештеникот за конечно да си кажат судбоносно ,,да” еден на друг по 21 години заеднички живот.

Несреќниот човек, сепак, не го дочека тој среќен момент и колабираше пред гостите, но и пред неговите деца, кои со вчудоневидување се обидуваа да разберат што се случува. На церемонијата присуствуваа и деца од неговиот прв брак, шест од нив.

– „Тој беше прекрасен татко“- рече Алисон скршена од болка.

Лекарите му дијагностицирале на нејзиниот партнер рак на панкреасот само осум дена пред венчавката, откако тој дошол на преглед по долготрајни болки во стомакот, нагло слабеење кога забележал дека од неговиот папок тече крв.

Веднаш по прегледот, на сите им стана јасно дека Пол нема да издржи долго, но тој и Алисон решија да ризикуваат и да си ветат еден на друг вечна верност, сакајќи да поминат еден среќен ден со целото нивно семејство.

– Лекарите му дадоа шест недели, најмногу два месеци од животот – објави Мирор, наведувајќи дека парот организирал сè во рекордно време, но дека Пол сепак не успеал да ја надмине сериозната болест.

– Ракот се прошири на црниот дроб и белите дробови и едноставно состојба беше претешка – наведува познатиот весник, повикувајќи се на информации од семејството.

– Да знаев дека всушност ги немаме овие 10 дена, ќе организирав сè на почетокот на неделата. Тој всушност не добил никаква терапија. Немаше поента. Знаевме дека доаѓа најлошото “ – рече Алисон низ солзи.

Најтешко ѝ било -вели таа – што доцна излегла пред олтарот, бидејќи нејзината пријателка одложувала да го донесе цвеќето. Таа е цврсто убедена дека ќе можеше да му каже „да“ на својот партнер доколку само неколку минути порано отидеше кај него.

– Го погледнав додека одев кон олтарот и сè ми се чинеше нормално. Можеби ми се чинеше дека е во позиција како да му е непријатно. Подоцна, тие ми рекоа дека буквално го донеле по скалите затоа што немал сила да се качи сам. Во еден момент, тој дури се гушеше и се обиде да дојде до здив. Тој даде сè од себе, сакаше заедно да го исполниме овој наш сон – рече очајната жена и додаде дека мајката на Пол починала во 2020 година.
– „Барем сега е повторно со неа“ – рече Алисон плачејќи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести