Градоначалникот на рускиот град Коломна, Денис Лебедев е пронајден мртов во неговиот стан, а според првичните информации станува збор за самоубиство, пренесуваат руските медиуми.
РЕН.тв пишува дека гостин дошол кај Лебеџев вчера околу 7:30 часот.
Мажите зборувале за нешто два и пол часа. После тоа, Лебедев се заклучил во својата спална соба и извршил самоубиство. Според некои извештаи, гостинот на градоначалникот на Коломна ја скршил вратата од собата и повикал брза помош.
Лебедев е роден на 17 октомври 1974 година, а од 2011 година е пратеник во Московската регионална Дума, каде што служеше како заменик претседател на Комитетот за економија, претприемништво и инвестиции.
Од 2017 година е на чело на градското собрание на Коломна.
Патем, Коломна е град во Русија и административен центар на московскиот регион. Основана е во 1177 година и се наоѓа на брегот на реките Москва и Ока.
