Размислувањето за минатото не одржува во место, тоа не ни дозволува да напредуваме
Кога бројот на свеќи на тортата почнува да се зголемува, луѓето за жал имаат сѐ повеќе и повеќе негативни чувства како што се разочарување и славното прашање „што би можел да направам подобро“ носи бран на вознемиреност.
Размислувањето за минатото не одржува во место, тоа не ни дозволува да напредуваме. Исто е и со мислите за иднината. Имаме тенденција да се плашиме од она што нè чека утре затоа што е непознато за нас и носи со себе неизвесност. Исто така, ние често ги одложуваме своите желби за утре, во надеж дека иднината ќе донесе нешто многу подобро, и затоа, наместо да го правиме тоа што го сакаме СЕГА, го одложуваме и со тоа ја одложуваме нашата среќа.
Единствената среќа е СЕГА и ТУКА, во сегашниот момент. Кога ќе станеме посвесни за тоа, ќе можеме да живееме со поголема леснотија и радост.
Една изрека на Далај Лама го потврдува токму тоа:
“Има само два дена во годината кога не можете да направите ништо. Едниот се вика вчера, а другиот утре, така што денес е вистинскиот ден да сакате, да верувате, да дејствувате и да живеете”.
Запомнете ги овие мудри зборови на Далај Лама кога и да почнете да жалите вчера или да одложите нешто за утре!
