-1.2 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

Вчера германската полиција изврши рација на повеќе од 100 локации кои припаѓале на бандата моторџии „Бандидос“ (ВИДЕО)

Денес германската полиција изврши рација на повеќе од 100 локации кои припаѓале на бандата моторџии „Бандидос“ и запленила оружје, муниција и поголема количина на готовина, соопшти Министерството за внатрешни работи на таа земја.

Скоро 1.800 припадници на полицијата учествуваа во акцијата за пребарување, а најголемиот број рации беа извршени во западната провинција Северна Рајна-Вестфалија и уште четири, соопшти Министерството, пренесува Ројтерс.

Групата моторџии „Bandidos MC“ е основана во градот Хјустон во американската сојузна држава Тексас во 1966 година и има своја филијала во Германија од 1999 година со цел да промовира мотоциклизам и да организира собири на мотори, соопшти германското МВР.

  • Целта на оваа организација е всушност стекнување територијална и финансиска доминација над слични ривалски групи, а тоа го постигнува преку насилство – се додава во соопштението.

Министерството не соопшти дали некој бил уапсен за време на акциите. Американскиот огранок на групата се најде на насловните страници во 2015 година кога се судрија со ривалската група моторџии во градот Вако во Тексас и кога загинаа девет лица, потсети Ројтерс.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести