Израел денес демолираше палестинска продавница во источниот ерусалимски кварт Силванон, предизвикувајќи расправии меѓу полицијата и демонстрантите кои ги обвинија властите за дискриминаторо давање дозволи за градба во Ерусалим.
Булдожер придружуван од израелската полиција ја сруши месарницата Харби Раџаби во соседството, со поглед кон џамијата Ал-Акса, третото најсвето светилиште во исламот и најчувствителното место во израелско-палестинскиот конфликт, објави Ројтерс.
Продавницата е една од најмалку осумте згради планирани за уривање.
Палестинците го бараат Источен Ерусалим, кој Израел го окупираше во војната во 1967 година, за дел од идната држава.
Израел го смета целиот Ерусалим за главен град, што не е признаено од меѓународната заедница и го охрабрува еврејското населување во претежно палестинските области.
