Повеќе од три милијарди дози вакцина ковид-19 се администрирани ширум светот, според податоците кои ги објави Франс Прес од официјални извори до вторникот.
Првите милијарда дози беа администрирани 20 недели по почетокот на првите кампањи за вакцинација во декември, втората милијарда за 6 недели, додеказа третата милијарда требаше уште 4 недели.
Околу 40 проценти од дозите администрирани ширум светот (1,2 милијарди) беа во Кина, Индија (329 милиони) и САД (324 милиони).
Сепак, во однос на популацијата, Блискиот исток предничат во вакцинацијата: Обединетите Арапски Емирати администрирале 153 дози на 100 жители, а Бахреин и Израел по 124.
Овие земји сочинуваат околу 60 проценти од населението кое е целосно вакцинирано.
Следат Чиле (118 дози по глава на жител), Велика Британија (113), Монголија (111), Уругвај (110), Унгарија (107), Катар (107) и САД (98). Овие земји целосно го вакцинираа околу половина од населението.
Европската унија администрираше 357 милиони дози на околу 50 проценти од нејзиното население, додека околу 32 проценти од жителите на унијата се целосно вакцинирани.
Малта, најмалата земја во Унијата, предничи со повеќе од 70 проценти од целосно вакцинираното население. Најнаселените земји на ЕУ, Германија, Франција, Италија, Шпанија, имаат околу една третина од целосно вакцинираното население.
Повеќето сиромашни земји започнаа вакцинирање главно благодарение на механизмот Ковакс, но вакцинацијата е многу нееднаква: земјите со високи примања, како што е дефинирано од Светска банка, администрирале просечно 79 дози на 100 жители, во споредба со само една доза во земјите со ниски примања .
Пет земји сè уште не започнале кампањи за вакцинација: Танзанија, Бурунди, Еритреја, Хаити и Северна Кореја.
И покрај полемиките што ги предизвика, AstraZeneca/Oxford се користи во близу 80 проценти од земјите во кои се врши вакцинација, Pfizer/BioNTech во 47 проценти, Синофарм и Модернаво 22 проценти, Спутник V во 19 проценти, Johnson&Johnson во 14 проценти, а Sinovac во 11 проценти.
