2.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

ХАОС: Огромен пожар избувна во Лондон (ВИДЕО)

Огромен пожар избувна денес во Лондон, а снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека густ црн облак чад се крева во воздухот над метро-станицата и близу облакодер, пренесуваат британските медиуми.

https://twitter.com/W0lverineupdate/status/1409501463416426496

Засега е непознато дали има повредени во пожарот.

Според „Sun“, се чини дека пожарот избувнал во станицата „Elephant and Castle“.

На терен има десет возила со 70 пожарникари, додава „Mirror“.

Граѓаните се предупредуваат да ја избегнуваат областа на таа метро станица, напиша противпожарната служба на Twitter.

Според „Sun“, засега не се познати причините за пожарот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести