Кинеската национална вселенска агенција (CNSA) објави видео од роверот Zurong како се движи низ површината на Марс.
Сликите се добиени со безжична камера која роботот ја постави на земјата. Ново соопштение на кинеските медиуми покажува детали од слетувањето на Zurong во мај, кога роверот го отвори падобранот за време на спуштањето и моментот на допирање на земјата.
Роботот со шест тркала истражува регион познат како Utopia Planitia. CNSA изјави дека Зуронг возел 236 метри за време на 42 сола. Сол е ден на Марс, што е нешто подолг отколку на Земјата и е 24 часа, 39 минути и 35 секунди.
- Леталата и роверот се во добра оперативна состојба, тие испраќаат податоци од Марс до партијата, нашата родна земја, и тие ќе испратат благослови од далечина по повод обележувањето на основањето на (комунистичката) партија, изјави CNSA.
Инаку комунистичката партија ќе ја одбележи 100-годишнината од основањето на 1 јули.
