8.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Порасна бројот на милионери во текот на ковид пандемијата

Бројот на милионери ширум светот ја надмина границата од 20 милиони во текот на 2020 година, покажуваат новите податоци на компанијата Capgemini.

Бројот на луѓе чие богатство е вредно милион долари и повеќе во текот на пандемијата се зголеми за 6,3%, односно на 20.8 милиони луѓе. Севкупното богатство во сопственост на тие луѓе порасна за 7,6% или за вкупно 80.000 милијарди долари. Сето тоа благодарение на зголемените акции на берзите.

Земји со најбогати луѓе се: САД, Јапонија, Германија и Кина. Во овие земји живеат 63% од светските богаташи.Најбрз раст во 2020 година има меѓу супербогатите, оние кои имаат богатство вредно најмалку 30 милиони долари. Оваа бројка порасна за 9% во 2020 година.

Компанијата Capgemini ги следи цените на акциите, обврзниците со сопственост, алтернативните вложувања, парите и имотот при процена на вредноста. Објавените податоци се според информации од меѓународни организации како Светска банка, но и од податоци од анкети на богаташи и нивните финансиски менаџери.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести