Делта варијантата на Ковид-19 сега е застапена со околу 20 % на сите случаи зарази во Франција, соопшти денеска Министерот за здравство на Франција, Оливие Веран, откако опасниот сој имаше уддел од 9 до 10 % минатата недела, пренесува „Франс Инфо“.
„Делта варијантата сега изнесува 20 % од вкупните нови случаеви во земјата и нејзиното ширење продолжува, иако вкупниот број на нови случаеви и понатаму паѓа“ изјави Веран.
Франција вчера имаше 509 нови потврдени случаи на Ковид-19.
„Делта сојот постепено станува доминантен, како и во останатите земји во светот, бидејќи е позаразлив“ додаде Веран.
Германија вчера соопшти дека бројот на новозаболени со делта сојот двојно се зголеми во изминатата недела. Повеќе земји поради новото ширење ги враќаат рестрикциите.
