„Microsoft“ соопшти дека еден напаѓач успеал да пристапи до еден од агентите од службата за корисници на компанијата, а потоа ги искористил информациите што ги добил од него за да се обиде да хакира клиенти.
Во соопштението на „Microsoft“ се наведува дека компанијата го пронашла одговорот на активностите на хакерскиот тим и утврдила дека истите луѓе се одговорни за претходните големи упади во системите на компаниите „Solar Winds“ и „Microsoft“, пренесува Ројтерс.
„Microsoft“ потврди дека ги предупредиле своите клиенти кои биле нападнати од хакери, а во текстот на предупредувањето, во кој Ројтерс имал увид, се вели дека нападот бил извршен од групата „Nobelium“ во текот на втората половина на мај.
- Софистицирана група идентификувана од „Microsoft“ како „Nobelium“ имала пристап до алатките за поддршка на клиенти на „Microsoft“ за да добие информации за претплати на„Microsoft“, се вели во соопштението.
Владата на САД претходно јавно ја обвинуваше руската влада за хакерските напади, но Москва го демантираше тоа.
