Ловците на духови кои тврдеа дека ги забележале близнаците од филмот „The Shining“ во најозлогласениот хотел во Велика Британија, сега споделија снимки на кои дух ги „пцуе“.
Ли и Линзи Стер тврдеа дека, откако престојувале во хотелот „Аделфи“ во Ливерпул на 22 јуни, снимиле два морничави детски духови, слични на Греди близнаците од познатиот култен хорор.
Парот исто така беше „шокиран“ кога се обидоа да комуницираат со таканаречените духови со помош на машина – и се чинеше дека го добија одговорот „вие сте гомна“.
- Прашавме дали има духови присутни и не добивме одговор, но откако прашав како се викаат, слушнавме дека некој нè нарекува „гомна“ – вели Линзи.
- Никогаш порано не сме чуле некој да ни каже нешто слично, бидејќи тие обично не кажуваат ништо – додава таа.
На видеото од инцидентот, придушен глас се чини дека зборува двосложен збор, иако не е јасно што е тоа точно.
И тоа беше само едно во низата страшни искуства што ги доживеаја ноќта на 22 јуни.
- Една од првите работи што беше чудна беше лифтот. Снимавме покрај лифтот и тој едноставно се отвори без причина, без никој да биде внатре – во шок раскажува Ли.
Се покажа дека тие совпаѓања не биле најстрашните работи што се случиле за време на нивната авантура, кога неколку гледачи виделе нешто во позадината на видеото.
Гледачите забележале два заматени лика на крајот од ходникот и сличност со морничавите близнаци од романот на Стивен Кинг – „The Shining“.
- Ми изгледаа како две деца и мислам дека едно од нив беше девојче – заклучува Ли.
