Француската полиција денеска насилно внесе стотици мигранти во автобуси кои поставија шатори пред градското собрание на Париз, 24 часа претходно во знак на протест против недостатокот на сместување.
Ројтерс додава дека немало инциденти, а мигрантите биле отстранети.

Сепак, Јан Манзи, коосновач на групата „Утопија 56“, која ја организираше акцијата, вели дека ќе се вратат доколку наскоро не се најде одржливо решение.
- Сите евакуирани лица останаа во контакт со нас и ако бидат вратени на улиците, повторно ќе започнеме со нашите активности, рече Манзи.
Police move to clear migrant camp in center of Paris https://t.co/wGGJwgHXNG
— Daily Bulletin (@ivdailybulletin) June 25, 2021
Слична операција беше организирана пред градското собрание на Париз на 1 септември минатата година.
- Имаме многу барања, што значи дека нашата мрежа за сместување е презаситена. Немавме друг избор освен да излеземе на улица и да преземеме видлива акција, изјави за Ројтерс Керил Терија, локален лидер на „Утопија 56“.

Мигрантите кренаа околу 200 шатори, претежно црвени, поставени во четвртокот, каде што имаше околу 300 луѓе, вклучувајќи деца од субсахарска Африка.

Голем број бегалци се дојдени во Париз по затворањето на големиот камп за мигранти во Кале во 2016 година.
Тие дојдоа во Франција од Северна Африка, Блискиот исток, бегајќи од бројни локални конфликти и сиромаштија.
