0.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

Вашингтон планира да евакуира десетици илјади авганистански преведувачи и друг персонал кои соработувале со американските сили

Вашингтон планира да евакуира десетици илјади авганистански преведувачи и друг персонал кои соработувале со американските сили, додека нивните апликации за влез во САД се во фаза на обработка.

Неименуван американски официјален претставник изјави дека во претходните денови постоеле брзи планови за пренесување на Авганистанците кои им помагале на Американците, како и на членовите на нивните семејства, во други земји или територии во Соединетите Држави за време на 20-годишната војна.

Администрацијата на претседателот Џозеф Бајден има намера да изврши евакуација во текот на летото, веројатно во август, рече друг американски службеник, информиран за планот. Двете официјални лица изјавија дека се уште не е утврдена ниту една земја во која Авганистанците ќе бидат привремено префрлени.

САД планираат да го завршат повлекувањето на своите трупи од Авганистан до септември, и евакуација на соработниците пред тоа.

Администрацијата на Бајден донесе одлука по зголемениот притисок од членовите на Конгресот од обете партии, ветерани и други, за да се евакуираат илјадниците Авганистанци кои им помагаа на американските воени операции.

Талибанските бунтовници, кои ги засилија своите напади по почетокот на повлекувањето на силите на НАТО од Авганистан, рекоа дека нивната цел нема да бидат оние кои работат за интересите на Соединетите држави и Западот.

И покрај ова, за многу Авганистанци, специјалната имиграциска виза е последната шанса да ја напуштат земјата зафатена со војна, каде корупцијата и стравот од насилство се раширени.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести